Подгответе се за недела со пеколни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 32 до 38 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 36 степени целзиусови.

До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло ќе биде
во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура се очекува да го надмине и 40-тиот степен.