Подгответе се за летно сметање на времето: Што треба да направите пред овој викенд?

Сподели со своите пријатели

Летно сметање на времето почнува викендов. Во недела на 31 март – стрелката од 2 часот наутро ќе се помести на 3 часот.

Loading...

Овој викенд се префрламе на летно сметање на времето. Ноќта од сабота, 30 март, до недела, 31 март, стрелката се движи од 02:00 до 03:00 часот.

Секако, оваа практика ни значи малку повеќе од едноставно движење на стрелките.

Со летно сметање на времето губиме еден час сон

Часовникот се движи двапати годишно – во пролет и во есен. Иако промената на часовникот е дизајнирана да ни овозможи да уживаме во сонцето, промената значи и губење на еден час сон, пишува Метро.

Важно е дека промената на рутината може да го наруши нашиот редовен ритам, па можно е да се појават одредени поплаки поради поместувањето на часовникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Имаат ли животните свест? Еве што велат научниците!

Мелатонинот ни помага да спиеме. Тој се создава во темница и се потиснува од светлината. Тоа значи дека дополнителен сончев час може да влијае на нашиот сон неколку дена.

„Колку повеќе дневна светлина добиваме, толку повеќе уживаме во серотонин, така што подолгите денови можат да дадат вистински поттик за нашето ментално здравје“, објаснува психологот Дарен Стентон.

„Но, менувањето на часовникот сепак е прилагодување. Ние сме ранливи на лишување од сон, па дури и нешто помалку од еден час може да нè наруши. На некои луѓе им требаат четири дена да се опорават“, објаснува таа.

Loading...

Како да се подготвите за летно сметање на времето?

Дарен ги споделува нејзините клучни совети кои ќе ви помогнат во транзицијата, вклучувајќи едноставни промени што можете да ги направите во вашата секојдневна рутина и дома, и како да избегнете да бидете преоптоварени со промени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трчајќи маратон испил 26 чаши вино: „Бев целосно исцрпен“ (ВИДЕО)

Поставете го алармот постепено

Дарен вели дека треба да почнете да го поставувате алармот 15 минути порано секое утро околу една неделата претходно.

Најдете начин да се опуштите

Погодувате: стресот од недоволно спиење и чувството на исцрпеност само ќе ве истроши уште повеќе. Всушност, тоа може да го зголеми лишувањето од сон.

Дарен предлага да се обидете да најдете начини да се опуштите, вклучително и слушање „смирувачка музика“, експериментирање со „бела буќава“ или релаксирање со „некои техники за хипноза или медитација“. Клучот е да пронајдете што работи за вас.

Инвестирајте во ролетни

Премногу светлина може да влијае на вашата способност за спиење, така што затемнувањето на просторијата може да биде фантастична инвестиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Близнаците најмногу испраќаат голи фотографии, а еве како реагираат останатите знаци

Ограничете го времето поминато на екранот и кофеинот

Менувањето на часовникот значи дека може да легнете пред вашето тело да се чувствува подготвено.

За да му помогнете на вашиот мозок да се чувствува помалку активен, добра идеја е да ги ограничите работите што го стимулираат.

„За да бидете сигурни дека полесно заспивате, избегнувајте работи како што се кофеинот и времето на екранот пред спиење, бидејќи тие можат да ве стимулираат премногу и да го отежнат смирувањето“, советува Дарен.

Loading...