Подемот и падот на тутунската индустрија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почетокот на одгледувањето и обработувањето на тутунот во Куманово датира од пред еден век. Во 1916 година во Куманово постоел клон за откуп на тутун, преку кој тутунот од првите производители бил препраќан надвор од градот.

Loading...

Клонот вработувал 70 до 80 сезонски работници кои работеле од 6 до 8 месеци во годината.

Во 1924 година веќе постоела Станица за откуп на тутун која била сместена во дрвени бараки на Железничката станица.

Како пред пет века започнал развојот на Куманово?

Со зголемувањето на тутуновото производство од година в година се проширувала Тутуновата станица која вршела откуп и класификација на тутунот.

Во 1930 година станицата била преселена на местото каде и денес се наоѓа Тутунскиот комбинат, а една година подоцна била завршена изградбата на магацините и работните простории. Во неа веќе се обработувале 1.500 тони тутун годишно.

Бројот на работниците и количината на откупен тутун постојано се зголемувале и работничката класа во градот, која била далеку од задоовлна од условите за работа и заработувачка. Затоа незадоволството на тутунските работници се манифестирало два пати преку штрајкови во 1937 и 1941 година.

Производите на некогашна „Димче Еребица“ се извезувале во Германија, Холандија и Австрија

Loading...

По ослободувањето на градот тутуновата станица веќе имала капацитет од 1.000 до 1.500 тони тутун годишно, и бројот на вработените постепено се зголемувал.

Во 1955 година бил изграден заводот за ферментација и во 1960 година започнало производство на цигари, при што станицата прераснала во Комбинат.

Во втората половина на шеесетите години Тутуновиот комбинат не бил само најстарото претпријатие во градот, туку и еден од најголемите современи индустриски капацитети. Со откуп, преработка и фабрикација на 2.500 до 2.800 тони тутун Комбинатот во 1967 година оставрил бруто продукт од тогашни 602 милијарди стари динари.

Во Комбинатот тогаш работеле 430 работници. Процесот на преработка и финализација на тутунот бил најсовремен, механизиран и автоматизиран така што продуктивноста на трудот била двојно поголема.

Од вкупното производство, 50 до 70 отсто се извезувал во странство и кумановскиот тутун се среќавал и во САД, Германија, Шведска, Белгија и другите земји.

Улогата на Куманово во обновување на разурнатото Скопје

Loading...

Фабриката за цигари тогаш дневно произведувала 3,5 милиони цигари.

За работниците, самиот комбинат изградил прек 80 станови до втората половина на шеесетите години од минатиот век.

Со приватизацијата Тутунскиот комбинат во Куманово е затворен, а тутун скоро никој не одгледува.

Извор: „Наш весник“ број 147 (сабота, 11. ноември 1967. година)

Leave a Reply