Под прагот на сиромаштија лани живееле 448 илјади граѓани

Сподели со своите пријатели

Стапката на сиромашни граѓани во земјава во 2019 година изнесувала 21, 6 проценти што е за 0,3 проценти пониска во однос на 2018 година, покажуваат најновите статистички податоци.

Loading...

Според овие податоци, во 2019 година имало околу 448 илјади лица кои живеат под прагот на сиромаштијата што е помалку во споредба со 2018 година кога имало 455 илјади сиромашни лица.

Гледано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две деца минатата година била 19,3 проценти. Стапката на сиромашни вработени лица е 8,5 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7  проценти.

Билјана Анастасова-Костиќ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *