Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението „Бадникови поворки“ од Куманово, денеска ја одржаа првата проба со децата од градот, во Соборниот Храм, Свети Никола  по повод престојниот Божиќ.

Loading...

-Ова е четврта година како ќе се одржи бадниковата поворка, а годинава е најавено учество на околу 200  деца- изјави Ана Денковиќ Антевска од „Бадникови поворки“

 Децата и организациониот одбор ги интенизивираат активностите, соопштија денеска од здружението. Во текот на наредните недели ќе бидат направени витлеемските ѕвездички и слатки кои децата ќе носат во поворката , а како и секоја година ќе ја пеат „Вечниот бог“.

-Бадниковите поворки се движење во повеќе земји  од православниот свет. Ова движење го најавува раѓањето на Христос. Се практикувало се до Втората Светска Војна кај нас, но потоа престанува, по што до неодамна поворките го возобнови Бигорскиот манастир-истакна  Денковиќ Антевска.

 Од здружението ги поканија верниците од кумановско да се придружат на поворката.

Leave a Reply