Почнаа активностите за опремување на кујната во ТЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во Прифатниот центар Табановце од вчера започнале активностите за опремување на кујната наменета за бегалците, со поставување на електрична енергија и местење на кабли, штекери и утикачи.

Опремувањето на кујната за бегалците како проект беше најавен по посетата на министерката Фросина Ременски која во сабота оствари работна посета на ТЦ Табановце, јавува РЦУК.

Во меѓувреме, во центарот се пристигнати и два нови контејнери, а во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 13 вагони – 2600 м.кв на Железничка станица Куманово, како и дезинфекција на 2500 м.кв.простор со објекти во пунктот за помош на бегалците во ТЦ  Табановце.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.