Почна уписот на првоодделенци во 16-те основни училишта во Куманово

Сподели со своите пријатели

До крајот на месецов трае запишувањето на децата во прво одделение родени во 2015-та година и дечињата родени во јануари 2016-та година, информираат денеска одговорните од секторот за образование од општина Куманово.

Loading...

Според нив, формално е така, но практиката покажува дека првачињата се запишуваат и во текот на летниот период сè до стартот на новата учебна година.

Според податоците со коишто располага секторот за образование, за наредната учебна година во прво одделение треба да бидат запишани околу 800 деца според списокот добиен од надлежна државна институција.

Минатата година беа запишани околу 1100 првоодделенци. Во Куманово има вкупно 16 основни училишта.

– Родителите, старателите можат да ги запишат децата електронски, потребни се копија од извод, документ за идентификација на родителот/старателот, потврда за примени вакцини, потврда од стоматолог, потврда и упат за офталмолог. Очекуваме околу 130 до 140 ученика да се запишат во училиштето, изјави директорката на училиштето, Лидија Костиќ.

Директорот на „Крсте Мисирков“, Александар Јовановски појаснува дека родителите можат и лично да дојдат во училиштето со потребните документи и почитувајќи ги мерките и да го запишат ученикот.

– Очекуваме околу 150 првоодделенци, изјави Јовановски

При запишувањето на учениците во најголем број случаи се почитува реонизацијата, велат надлежните од секторот за образование, но постојат и исклучоци поради што учениците кои живеат подалеку од два километра од училиштето го губат правото на бесплатен училишен превоз.

Loading...

Leave a Reply