Почна средбата меѓу Си и Бајден

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Кина и на САД, Си Џинпинг и Џозеф Бајден денеска се сретнаа на Бали.

Loading...

Тие се ракуваа во лобито на хотелот, пред знамињата на двете земји.

Тие се среќаваат во присуство на двете делегации, а Кси го изрази своето задоволство од средбата, велејќи дека иако со Бајден разговарал по телефон пет пати од неговото доаѓање во Белата куќа, ништо не може да ја замени личната средба.

„Стекнавме искуство, но научивме и лекции. Историјата е најдобриот учебник, затоа треба да гледаме на неа како на огледало“, рече Кси.

Тој оцени дека треба да се најде вистинскиот пат за да се подобрат односите меѓу двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Бајден на почетокот рече дека е многу важно да се избегне „конфликт“ меѓу САД и Кина.