Почна изградбата на Панорамското тркало вредно 18,3 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Долгонајавуваната изградба на Панорамското тркало започна, со што на просторот помеѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев во Скопје, денес беа удрени првите темели, јавува Фокус.

Loading...

За изведба на тркалото кое е дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се издвојат 18,3 милиони евра.

Барокниот објект ќе има дијаметар од 57 метри, при што истиот ќе се издигне 73 метри над брегот на реката Вардар. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години.

Изготвувањето на проектот ѝ беше доверенo на австриската „Hotelconcept GmbH“, според идејното решение на „Massabni architects GmbH“, исто така од Австрија, пишува Фокус во електронското издание.

Финансирањето на проектот од Град Скопје во 2013 го презеде Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП откако Градот објави оглас за заинтересирани вложувачи, но практично зад финансирањето стојат јавни институции и државниот буџет кои како донатори треба да го снабдат скопското јавно претпријатие со дел од неопходните финансиски средства за претстојните градежни работи.

Во 2014 година, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) одлучи да му донира еден милион евра на ЈСП-Скопје како помош при изградбата.

Фото: Вести.мк