Почина пејачот Џони Неш

Сподели со своите пријатели

Американскиот поп-џез-реге пејач Џони Неш, можеби најпознат по неговиот реге-хит од 1972 година – „I Can See Clearly Now”, почина на 80-годишна возраст, соопшти неговиот син Џон Неш Трети.

Loading...

– Почина од природна смрт во неговиот дом. Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Тој ги сакаше луѓето и светот. Ќе ни недостасува. Семејството за него беше се, изјави синот на Неш.

Хитот „I Can See Clearly Now” беше врвот на Билборд хот 100 топ-листата најпопуларни синглови во САД вкупно четири недели. Песната стана хит и во Канада, Велика Британија…

Неш е роден 1940 година во Хјустон, Тексас, САД, а својата кариера ја започна кон крајот на 1950-тите како пејач и глумец.

Кон средината на шеесеттите, тој се преселил во Јамајка, каде што творел под влијание на реге-стилот. Тој е еден од првите пејачи кои не се родум од Јамајка, а се занимаваа со реге-музиката.
Неговиот последен студиски албум „Here Again” беше објавен 1986 година. 

Слободан Иванов

Leave a Reply