Почина пејачот Џеј Рамадановски

Сподели со своите пријатели

Познатиот српски фолкер Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст. Локалните медиуми известуваат причината е срцев удар.

Loading...

Во текот на денот, екипата на брза помош интервенирала во семејната куќа на пејачот, каде го реанимирала. За жал, реанимацијата не успеа.

Во текот на 90-тите години, тој беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, тој патуваше во странство,каде имаше бројни настапи (во Германија, Шведска, Канада, САД).

Leave a Reply