Победникот на Евровизија под силни обвинувања дека се дрогирал во живо, тој негираше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако Италија победи на Евровизија, започнаа да кружат обвинувања дека фронтменот на групата, Дамиано Давид, конзумирал опијати пред камера, а видеото, кое не покажува јасно што се случува, ги преплави социјалните мрежи.

Loading...

Дамиано веднаш ги негираше обвинувањата и потоа објави дека ќе биде тестиран за да докаже дека во неговото тело нема забранети супстанции.

По враќањето во Италија, тој го даде своето прво интервју во кое, меѓу другото, зборуваше за скандалозната снимка за време на Евровизија.

 

 

– Никогаш во животот не сум конзумирал кокаин и сигурно нема да започнам за време на директен пренос пред цела Европа – рече Дамиано и продолжи:

– И пред камерата што е насочена кон моето лице?! Дали до толку сум глупав? Да, но не толку – додаде Дамиано.

Loading...

Да потсетиме, шведски новинар го праша Дамиано дали користел кокаин на Евровизија, објави „Њујорк тајмс“. Одговорот на Дамиано беше дека тој не земал дрога, по што групата „Манескин“ го објавила на нивниот официјален профил на Инстаграм.

– Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамиано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да се тестираме затоа што нема што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и многу сме среќни за нашата победа на Евровизија и сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката. Рокенролот никогаш не умира. Те сакаме – стои во соопштението на групата „Манескин“.

 

Leave a Reply