Победата на Дарко прославена во Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Дарко Петковски на сите познат како Спејко пристигна во својот роден град, каде во Кабаре „Тунел“ вчеранавечер со своите пријатели, роднини и сограѓани ја прослави победата во шоуто „Големиот брат 2015“.

Loading...

[huge_it_gallery id=”251″]

Дарко е првиот кумановец учесник во вакво реално шоу, а воедно и првиот Македонец кој победи во „Големиот брат“ во Србија.

За Кумановски Муабети Дарко изјави дека му било тешко во куќата, но се исплатело.

Само што доаѓам од Белград по 24 часа од излегувањето од куќата каде беше напорно, во куќа со 20 луѓе со различни карактери каде беше тешко да се живее. Јас со моите двајца браќа со кои сме слични карактери па тешко живееме, а замислете уште 19 други. Најтешко ми беше последните денови кога чекате се` да заврши, но на крајот се исплатеше се` она што го поминав – вели Спејко.

Спејко инаку со победата освои награда од приближно 100 илјади евра која како што вели ќе ја потроши дел во хуманитарни цели, а дел за да оствари дел од своите соништа.

Добрата забава траеше до раните утрински часови, а доколку сте пропуштиле да бидете таму,  нашиот фоторепротер ви пренесува дел од атмосферата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.