По студеното утро, претежно сончево време

Сподели со своите пријатели

Денеска во утринските часови низ целата држава ќе биде студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната ремпература ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 3 до 10 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен, односно североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до пет степени целзиусови.

 

Loading...

 

Како што посочуваат синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утр е претпладне ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата.

Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.

 

Никола Ивановски