По смената на Началникот на ГШ – целосна смена и во ЗОК Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во кругот на касарната „Боро Менков“, денес во присуство на највисокиот воен врв и министерот за одбрана Зоран Јолевски, беше извршена свечена смена на првите луѓе на Здружената оперативна команда во Куманово.

Loading...

 

 

На позицијата Генерал на ЗОК доаѓа полковникот Васко Ѓурчиновски кој досега работеше како Командант на полкот за специјални операции. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерал Методија Величковски. За заменик генерал беше назначен Бригадниот генерал Павле Арсоски, а на позицијата Началник на штабот доаѓа Бригадниот генерал Азим Нуредини.

Смената на челните луѓе беше потврдена со указ од Врховниот командант на воените сили Ѓорге Иванов, а новоназначените генерали ги потпишаа и новите договори со симболично примопредавање на амблемите на нивните униформи.

Во своето обраќање, новиот генерал Ѓурчиновски истакна дека за него е голема обврска и чест да продолжи да работи со сите сили за постигнување на врвните резултати.

– Трансформацијата која е започната ќе ја завршиме во целост до крајот на оваа година. Обучувањето и извежбувањето на единиците, постојаното подобрување на борбената готовност, реализацијата на меѓунационални односи, подобрувањето на животниот стандард на вработените, подготвеноста и справувањето со сите видови на закани се клучните сфери на кои ќе посветам внимание – додаде генераот Ѓурчиновски.

Досегашниот командант генерал-мајор Методија Величковски во своето свечено обраќање истакна дека е горд на она што го сработел во изминатиот период, но дека особено е горд што на негово место доаѓа личност за која тој верува дека ќе направи уште поголеми достигнувања од него во полето на одбраната.

Loading...

Министерот за одбрана пак вели дека му е огромна чест да го изврши примопредавањето на функцијата Генерал на ЗОК и вели дека тоа е предизвик на секој воен лидер и шанса секој да ги покаже своите воени вештини.

Лицето за односи со јавноста од кабинетот на министерот Јолевски денес ги информираше дека новинарите нема да имаат можност да постават прашања на министерот, во услови кога на северната граница се очекува распоредување на воените сили, со воведување кризна состојба на граничните појаси во Табановце и Гевгелија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.