По шеријатски закон: Или само стјуарди или стјуардеси покриени од глава до петици

Сподели со своите пријатели

На летовите на авио – компанијата „AirAsia“ во индонезиската провинција Ацех ќе бидат вработени само стјуарди, затоа што властите на провинцијата барале стјуардесите да ја покријат главата, а во рамки со шеријатскиот закон.

– Засега, на сите летови од и кон Ацех ќе име исклучиво стјуарди, наведуваат од компанијата.

Другите индонезиски авио превозници одлучиле да одговорат на барањето на властите во провинцијата, на нивните стјуардеси од сега ќе ги покриваат главите на летовите во таа провинција.