Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 11 до 20 степени, додека максималните дневни ќе се движат од 27 до 35 степени целзиусови. УВ индексот и натаму ќе остане висок со коефициент 8.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе изнесува 31 степен целзиусов.
Од денес попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.