По лавина на северот на Индија исчезнаа 21 планинар

Сподели со своите пријатели

Најмалку 21 планинар се водат како исчезнати по лавина во северна Индија, соопштија официјални лица во вторникот, јавува Анадолија.

Loading...

„Група од 29 луѓе во вторникот наутро беа погодени од лавина на планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите“, изјави началникот на полицијата на државата Утараханд, Ашок Кумар.

Тој потврди дека спасувачите од снегот извлекле осум планинари, а се трага по уште 21.

„Сите исчезнати лица тренираа во планинарски институт, но далеку од местото на лавината“, изјави Кумар.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија ја престигна Германија и стана најголемиот руски снабдувач на фармацевтски производи

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптери во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд.