По инцидентот од сабота заседаваше Советот за превенција на Општина Куманово (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска напладне заседаваше Советот за превенција на Општина Куманово откако кумановец се обиде да прегази тричлено семејство во сабота со својот автомобил во центарот на градот, а учесниците се од различни мултиетнички групи.

Ова ја прели капката во однос на тоа што наназад неколку месеци имаме организирани групи кои имаат постојано нарушување на безбедносниот систем и тоа не е нова работа, јас во моето излагање кажав дека постојано во овој временски период, мај, јуни кога имаме голем број матурски прослави, поголем прилив на економската имиграција во летниот период многу често имаме нарушување на безбедноста на самиот плоштад на улиците и така натаму – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Loading...

 

Дамјановски упати апел до претставници на Министерството за внатрешни работи да се зголеми бројот на полициски службеници кои ќе патролираат низ градот, со цел да се одржување безбедноста во градот. Разгледана е можноста да се организираат приватни агенции кои ќе ги обезбедуваат кумановските училишта во следната учебна година каде има мултиетнички состав на ученици.

Апелот до граѓаните е да не навлегуваат во етничките тензии, емотивно да не влегуваат, бидејќи овој немил настан да не се злоупотреби за подигање на етнички тензии во градот. Ова ќе го оставиме на органите на прогонот, јавното обвинителство, кривичниот суд да си ги донесе своите одлуки и да ја врати довербата во судството – додава Дамјановски.

DSC_0432

 

Апели да не се наседнува на провокации упатија и првите луше на СВР Куманово, пратеници и советници од Општина Куманово, со цел да се зчаува јавниот ред и мир во летниот период.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.