24-годишниот Јапонец, кому по грешка му платиле 46,3 милиони јени, сите пари ги потрошил на коцкање на интернет.
Парите што по грешка му биле исплатени се во рамките на програмата за помош за ублажување на последиците од Ковид, а биле наменети за 463 лица.
Иако првично изјави дека ќе соработува со надлежните за исправање на грешката вредна 357.000 долари, се чини дека побегнал. Градот Абу на југот на јапонската префектура Јамагучи поднесе тужба против мажот.
Неговиот адвокат сега откри дека неговиот клиент ги прокоцкал сите пари на онлајн казино.
Грешката се случи кога беа исплатени пари на 463 домаќинства со ниски приходи, од кои секое требаше да добие помош од 100.000 јени, или 770 долари, за да се ублажат финансиските трошоци поради пандемијата.
Меѓутоа, на 8 април сите пари биле уплатени само на една банкарска сметка.
Истрагата покажа дека оттогаш тој собирал по 600.000 јени секој ден.
Кога властите ја откриле грешката и го контактирале, тој рекол дека нема повеќе пари.
„Веќе ги потрошив парите. Не можам да ги вратм. Нема да бегам, ќе си ја платам грешката“, изјави Јапонецот.
Се чини дека се предомислил, бидејќи властите не можат да го најдат.
Неговиот адвокат вели дека неговиот клиент соработувал со властите и се согласил да разговара со локалната полиција, но откако е издадено обвинението на 12 мај, никој не можел да стапи во контакт со него.