По 66 години се укинува печатеното издание на „Плејбој“

Сподели со своите пријатели

Откако излезе пролетниот број оваа недела, раководството на списанието „Плејбој“ објави дека го прекинува печатењето на легендарниот магазин.

Loading...

Одлуката, за која долго време разговараат, беше финализирана со појава на коронавирус, што дополнително ја осиромаши продажбата.

Венеција се опоравува од туристите (ФОТО)

Во соопштението за печатот, извршниот директор Бен Кон изјави дека нарушувањето на синџирот на содржина и снабдување поради пандемијата на коронавирус станува се поизвесен и дека ги принудува да ја побрзаат одлуката за која размислувале долго време.

Го поставија прашањето како би можеле да го трансформираат производот за подобро да одговараат на она што го сакаат потрошувачите денес.

„Ќе започнеме да ги објавуваме сите наши содржини на интернет, вклучувајќи го Плејбој интервјуто и секако нашите дуплерки, објави Кон.

Романија: Затворски казни ако не се почитуваат мерките

Тој додава дека не е изненадувачки што навиките за употреба на медиуми се менуваат со текот на времето.

Loading...

Од 2021 година, во печатените изданија ќе се појават само нови периодични формати, како специјални изданија, според Кон, пренесува британски Мирор.

Списанието за забава за возрасните е основано од Хју Хефнер во 1953 година и меѓу другите на него се најдоа Мерилин Монро, Наоми Кембел, Ким Кардашијан и Синди Крафорд.

Leave a Reply