Романија: Затворски казни ако не се почитуваат мерките

Сподели со своите пријатели

Романската влада воведе нова, драконска мерка за борба против коронавирусот.

Loading...

Владата одлучи да воведе затворски казни  за сите што не ги почитуваат наметнатите мерки.

Ако некој не ги почитува мерките на надлежните органи, тој или таа ќе бидат осудени на казна затвор до три години, и ако однесувањето предизвикува некој да биде заразен со вирусот казната затвор е до пет години.

Со затворска казна до 15 години, ќе се казни оној кој ги повредил владините мерки, а неговото однесување довело до смрт на едно лице.

„Не можеме да прифатиме ако неодговорните луѓе одат и со тоа ги инфицираат другите“, рече премиерот Лудовик Орбан.

Во исто време, романската влада ја повика својата дијаспора, во која има околу четири милиони луѓе, да не се враќаат дома за Велигден.

Инаку, во моментов има 230 заболени во Романија, при што околу 3.800 лица се ставени во карантин.


Leave a Reply