По 4 години открил страшна прoсторија во неговата куќа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Еден корисник на „ТикТок“ неодамна споделил со своите следбеници видео во кое забележал прозорец од градината, но не можел да сфати во која просторија се наоѓа. Многумина добија кошмари, откако се испостави дека тој нашол „скриена просторија“ во куќата во која живее веќе четири години.

Loading...

На вториот кат од неговата куќа има прозорци во спалната соба и бањата, меѓутоа, кога се гледа од градината, има уште еден. Човекот потоа ја земал камерата и покажал дека нема врата помеѓу двете простории, па се искачил на покривот за да испита за што станува збор, пишува „Мирор“.

„Живеам тука со години и никогаш не ја забележав оваа просторија“, напиша тој, опишувајќи видео во кое тропнал на мистериозниот прозорец, а внатре се слушал сличен звук.

 

 

Снимката е прекината тука, а повеќе од 80 000 луѓе оставија коментари опишувајќи го искуството на младиот човек како морничаво. „Како не сте забележале дека нешто недостасува веќе четири години?“, прокоментира некој, додека други корисници сугерираат дека проблемот настанал при изградбата или реновирањето на бањата, односно дека мајсторите го блокирале само стариот прозорец со табла и инсталирале нов на страна.

 

Loading...

 

Leave a Reply