Секоја жена која некогаш правила домашен тест за бременост знае дека тоа е искуство кое внесува нервоза. Најпрвин исчекување дали ќе се појават две црти, а потоа тага или радост во завиност од исходот и тоа дали сакате дете, а потоа треба и да смислите каде истиот треба да го фрлите.
Некому мжеби звучи смешно, но да кажеме дека сте направиле тест за бременост во тоалетот на работа, затоа што не сте можеле да чекате да дојдете дома. Каде тогаш? Во кантата не е паметно затоа што некој може да го види.
Има 102 деца и „малку“ проблеми: Донатор на сперма малку се заиграл
Loading...
Затоа сега е направен првиот „LIA“ домашен тест за бременост кој се разтвора во водата па можете слободно да го фрлите во ВЦ школката. И најважно од се е што и натаму работи со прецизнос од 99%.
– Имаме исти тестови од 1987 година, а тоа е потполно лудо, вели Бетани Едварс, една од изумителите на овој тест, кој во продажба ќе се најде од следната година.
Новиот тест исто така реагира на урин на ист начин како и старите тестови, покажува две цртки ако тестот е пзитивен и една црта ако е негативен.
Но, за разлика од старите тестови, „LIA“ е направена од исти природни растителни влакна како и тоалетната хартија, но така да биде изложен на течност кратко време – колку што е потребно тестот да реагира на урин и да го покаже резултатот. Потоа започнува да се разградува, па е потребно само да го фрлите во ВЦ пколката и да пуштите вода.
Овој тест има точност од 99%, а се очекува Амазон да го продава веќе следната година по цена од 7,5 евра.