Има 102 деца и „малку“ проблеми: Донатор на сперма малку се заиграл

Сподели со своите пријатели

Животот на еден маж од Холандија се претоврил во пекол откако било откриено дека својата сперма ја донирал во дури 11 клиники. Овој дарежлив маж помогнал да се родат над 100 бебиња, поточно 102.

Јас само сакам да ги направам среќни другите. Клиниките инаку имаат проблем со донаторите, па се среќни кога некој ќе ги мине нивните тестови. А јас секој пат поминав – вели неиуменуванио повеќекратен татко, а пренесува британскиот Телеграф.

Иако сакал само најдобро, овој донатор се соочоил со бројни проблеми. Откако било откриено за неговата склоност кон донација на сперма, одредени жени против него поднеле пријава. Истовремено се дознало дека својата сперма ја нудел и на интернет.

И додека многумина стануваат во негова одбрана со коментари дека треба да се работи на наталитетот, овој маж е во сериозен проблем со законот.

Имено, во Холандија е поставена граница до која донорите може да имаат најмногу 25 деца и тоа само од една причина, за да подоцна не се случи децата да стапат во љубовна врска не знаејќи дека се роднини.