По 105 години откриени телеграми од Титаник: Што навистина се случило со лешевите на патниците?

Сподели со своите пријатели

Титаник потона пред 105 години, но деталите за оваа поморска несреќа која никогаш до крај не е разјаснета, не престануваат да ги интригираат луѓето. Бродот потонал ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година, околу 740 километри од најблиското копно, а првиот брод кој пристигнал во помош стигнал час и половина по потонувањето, долго откако последната жртва починала во ледената вода.

Имено, температурата на водата изнесува 2,2 степени Целиусови, во кој човекот може да издржи само 15 минути. Животот го загубиле 1.217 години, а најголеми шанси за преживување имале патниците од правата класа, каде биле спасени 63%.

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

На Титаник се наоѓале 20 чамци за спасување кои вкупно можеле да соберат околу 1.100 патници, половина од оние кои таа кобна ноќ се наоѓале на бродот, но и тоа било во складот со законските прописи од тој период, па се сметало за доволно.

 

 

Покрај тоа, дури 700 патници успеале да влезат во чамците за спасување, поголемиот дел од нив полупразни го напуштиле бродот, па скоро во секој имало слободни места.

Но, што се случило со телата?

Вистината за тоа ја кријат тајни телеграми, чии автори верувале или не никогаш нема да излезат во јавноста.

 

 

Во тие телеграми е јасно како капетанот на еден од спасувачките бродови, Макеј Бенет сакал да ги извлече телата од морето. Но, набргу сфатил како неговиот борд е премал за 334 тела кои биле пронајдени. Тогаш донеле контроверзна одлука – да ги фрлат лешевите на патниците од најсиромашната, трета класа за да им остане доволно место за оние од прва и втора класа.

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

Имено, мислењето на екипажот било дека тие имаат поголеми права на достоинствен погреб. Од 334 пронајдени тела, од бродот биле фрлени над 100, а тие никогаш не се пронајдени во водите на Атлантскиот океан.

Вистината за тоа што се случувало ја сокриле долго поверливите телеграми, кои накнадно историчарите ги ископале од тајните архиви.

 

 

Сиромашните останеле да лебдат

Во првиот телеграм каметанот напишал „Апсолутно морате да ги доведете сите тела кои може да бидат на спасувачкиот брод“.

Но, на бродот Макеј Бенет набргу одговорил „Детално ги попушавме сите пари и вреден имот пронајден кај телата. Зар не би било подобро сите тела да се погребаат на море, освен ако не постои посеба желба од семејствата да ги задржиме“?

Пронајден ѓердан на Титаник кој крие уште потажна приказна од онаа на филмот (видео)

По краткото допушување договорено е како ќе се исфрлат телата на жртвите на сиромашните патници, додека ќе останат богатите и ќе бидат вратени на семејствата.

 

 

Ужасот пет дена подоцна

Кога SS Bremen, бродот кој пловел од Германија во Америка пет дена подоцна се приближил на местото на несреќата, патницит екои биле на него започнале да врескаат. Бремен се придружил на бродот Карпатиа, а нивната мисија била да ги соберат остатоците од телата кои може да ги пронајдат.

Во далечината можеле да се видат бели дамки, кои всушност биле замрзнатите тела на мртвите кои на себе се уште имале спасувачки елеци. Со денови по потонувањето, целото место се претворило во огромна водена гробница, со густа магла, звуци на заплиснување од брановите, заледени тела и свештеник со зборовите кои ги испраќал.

384 часа правелe макета на Титаник од лего коцки (видео)

– Видовме жена со бебе црвсто наслонето на нејзините гради. Беше и таму тело на жена која цврсто го прегрнала своето куче кое изгледаше како бернадинец. Некои беа облечени за забава и вечера, некои во пижами. Една жена имаше појас за спасување и две деца во рацете, вели патничката на Бремен Јохана Стунке.

 

 

Екипажот се детално запишал како „студено, влажно, јадно и неутешно“. До крајот на април, комбинацијата од сол и сонце започнала да ги уништува појасите за спасување и телата започнале да исчезнуваат во длабочините на океанот.

Во јуни истата година се пронајдени две тела како лебдеат во океанот. Биле тоа тела на бродскиот келнер и кујнски работник.