Пливала за Југославија: Која е Словенката Марта Кос, следната комесарка за проширување на ЕУ?

Сподели со своите пријатели

Словенката Марта Кос ќе биде задолжена за проширувањето на ЕУ. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претставувајќи го својот тим на комесари.

Loading...

Овој словенечки дипломат ќе биде задолжен и за Источното соседство на ЕУ.

Кос ќе работи на поддршка на Украина, ќе продолжи со реконструкцијата на земјата и ќе ги поддржи земјите кандидати да се подготват за пристапување во ЕУ.

Словенија минатата недела потврди дека Кос ќе биде кандидат на таа земја за еврокомесар, потсетува European Western Balkans.

Претходно, Томаж Васел се повлече од кандидатурата за таа функција, а како што пренесуваат словенечките медиуми, тоа е направено поради желбата на Урсула фон дер Лајен во новото свикување на Европската комисија да бидат застапени што повеќе жени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Нападот на Израел врз центарот на Бејрут е кршење на меѓународното право

Како што пренесува Политико, Словенија поради ова е „наградена“ со портфолиото за проширување.

Марта Кос, која треба да го замени Унгарецот Оливер Вархеји на местото на Европската комисија, е поранешна амбасадорка на Словенија во Германија и Швајцарија.

Таа беше потпретседател на Движењето за слобода, а пред две години се кандидираше за претседател на Словенија, но се откажа од кандидатурата за време на кампањата.

Loading...

Веднаш потоа таа поднесе оставка од функцијата потпретседател на Движењето Слобода, а по оставката на Татјана Бобнар како министер за внатрешни работи, Кос поднесе оставка од Движењето Слобода наведувајќи дека тоа повеќе не е нејзина партија.

Марта Кос е искусен дипломат, бизнис лидер, консултант и експерт за комуникации со лично искуство во елитните пливачки спортови, пишува на веб-страницата Kreab.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словенија паднаа 35 сантиметри снег (ВИДЕО)

Таа во моментов е претседател на здружението на жени ОНА ВЕ и е активна во менаџмент консалтинг.

Пред тоа беше амбасадор на Словенија во Германија, Латвија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Од 2003 до 2013 година, таа раководеше со Gustav Kaser Training International Словенија, компанија специјализирана за обука за лидерство и продажба.

До 2003 година беше потпретседател за меѓународни односи во Трговско-индустриската комора на Словенија.

По завршувањето на студиите по новинарство, таа ја започнала својата кариера како новинар во Словенечката национална радио-телевизија, а неколку години била и дописник во Германија на Дојче веле РТВ од Бон.

Оттаму Марта преминала во Владата на Република Словенија како директор на Кабинетот за односи со јавноста и медиуми и била портпарол на Владата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер најави дека ќе сврти нова страница во односите со ЕУ

Марта Кос е родена на 28 јуни 1965 година.

Сака да чита и планинари, некогаш врвен пливач, била член на словенечките и југословенските пливачки тимови, според Линкедин.

Кос е во брак со Хенри Гетаз, кој е генерален секретар на Европската асоцијација за слободна трговија, според Википедија.