Планински села во Старо Нагоричане отсечени од цивилизацијата поради снег

Сподели со своите пријатели

Селата Буковљане, Цветишница, Длабочица, Арбанашко и М’глинце се целосно отсечени од цивилизацијата, бидејќи по поголемите снежни врнежи патните правци не се исчистени, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Како што пренесува РЦУК повикувајќи се на известување од Општина Старо Нагоричане, локалните власти не можат да преземат соодветни мерки за расчистување на патиштата затоа што сметката на општината е блокирана. Фирмата која го добила тендерот за одржување на патните правци има склучен договор само за одржување на асфалтираните патишта, додека земјените не била нивна надлежност.

Сепак никаде нема информација дали некој побарал помош од Центарот за управување со кризи или Дирекцијата за заштита и спасување или ќе почекаат снегот сам да се растопи.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply