Лаи Чи-Ваи е првиот човек во Хонг Конг кој со инвалидска количка се искачи на облакодер висок 250 метри. Подвигот е уште поголем, имајќи предвид дека тој го стори тоа со цел да собере пари за луѓето кои страдаат од болести на ‘рбетниот мозок.
Лаи (37) останал парализиран до половината пред десет години поради сообраќајна несреќа.
Му биле потребни десет часа да достигне висина од нешто повеќе од 250 метри, но тој не успеал да го достигне самиот врв на 300 метри високата кула Нина на полуостровот Ковлун.
„Бев прилично исплашен. Додека се искачував по планините, тогаш можев да се потпрам на карпите и да ги користам шуплините, но овој со кулата, ми даде простор за да можам да се потпрам само на јажето на кое висев“, рече Лаи.
Благодарение на оваа иницијатива, беа собрани нешто повеќе од 670.000 долари.
Пред 2011 година, Лаи беше прогласен за шампион на Азија во категоријата качување по карпи четири пати, а во еден момент го освои осмото место во светот.
По несреќата, тој продолжил да се искачува прицврстувајќи ја инвалидската количка на системот за ремени.
Пред пет години тој се искачи на карпата Лион висока 495 метри.
„Освен што живеев само, се прашував што ме движи? Така започнав да бркам екипа, знаејќи дека постои можност да се искачувам по планини, дури и во инвалидска количка“, рече Лаи.
„На некој начин, заборавив дека сум личност со попреченост, сè уште можев да сонувам и сè уште можам да го работам она што го сакам“, додаде тој.
Иако не стигна до врвот на облакодерот, од безбедносни причини, Лаи се надеваше дека ќе ја испрати вистинската порака.
„Некои луѓе не ги разбираат тешкотиите на лицата со попреченост, некои мислат дека секогаш сме слаби, дека ни треба помош и сожалување од луѓето“, рече Лаи.
„Но, сакам да им кажам на сите – не мора да биде така. Лице со попреченост исто така може да создаде можност, надеж, светлина и не мора да се гледа како слаба личност“, заклучи храбриот Лаи.
Lai Chi-wai lost the use of both legs in a traffic accident but the former rock climbing champion is still reaching for the top. pic.twitter.com/ASAcCGk4me
— SCMP News (@SCMPNews) January 17, 2021