Пионерскиот дом наскоро ќе стане детска градинка (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Започна реконструкцијата на дел од просториите во Пионерскиот дом во Куманово кој наскоро треба да биде градинка за дечињата од предучилишна возраст.

 

Loading...

 

Денеска увид на работите на терен изврши министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која истакна дека објектот ќе понуди три занимални и јазли за 85 дечиња.

Во овој реконструиран дел треба да имаме опфат од 70 деца со можност за вклучување на 15, односно 85 деца во три занимални. Сметаме дека со ова ќе се зголеми процентот на опфат на дечиња кои се помеѓу една и шест години и со тоа ќе се обезбедат услови да тие си добијат посветено предшколско образование или ран детски развој. Дополнително во оваа градинка една од занималните ќе биде за јазли. Сакаме да информираме и како Влада дека во суштина ова е мапата која што ни прикажува каков е опфатот на деца низ цела територија на Република Македонија. Во Куманово како една од најголемите општини во Македонија има само 26% опфат на деца, затоа решивме дека тука  е многу важно да имаме дополнителен опфат – изјави Царовска.

Од Куманово, министерката најави и зголемување на капацитетите на детските градинки низ целата држава, како во урбаните, така и во руралните средини.

Во наредниот период ќе работиме посветено да го зголемиме опфатот или како што се обврзавме како Влада, 50% треба да достигнеме опфат на цела територија на Македонија. токму затоа Владата до крајот на 2017 година, преку Министерството за труд и социјална политика ќе реконструира уште 13 објекти во 13 различни општини каде ќе имаме опфат од 682 деца. Како што ветивме дека ќе внимаваме на опфатот на рурални и урбани општини, така и продолжуваме, од тие 13, шест се во рурални општини, каде што нема ниту едно дете опфатено, како што е општината Врапчиште, а другите седум се во урбани општини. За реконструкција на овој објект Министерството за труд и социјална политика од Буџетот има издвоено три и пол милиони денари. Изведувачот има договор за 45 треба да заврши, на 1 август е започната работата, што значи некаде на 20 септември треба да биде завршено – вели Царовска.

 

Како што изјави градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, една третина од овој објект ќе биде претворен во детска градинка, а локалната самоуправа ќе прави напори и за целосно партерно уредување на Пионерскиот дом.

Треба сериозна инвестиција, знаете дека има еден угостителски објект кој по ниедна основа беше тука, се надевам дека ќе направиме буџетска поддршка како општина, заедно со МТСП, евентуално Министерството за финансии да направиме еден импозантен објект наменет за најмалата возраст, дали ќе биде за предучилишна или дневен центар, имаме импозантна сала за настапи на младите, знаете тоа беше едно време бренд за предшколската возраст и ќе го уредиме партерно и во 2018 година да биде завршено.Бидејќи овдека ќе биде градинка, ние мораме да внимаваме за реконструкција на овој дел кој е отпочнат, наредната година ќе заврши целиот дел, а кога ќе го пуштиме оној дел со топла врска ќе биде споен и ќе биде на некој начин заштитен, паралелно на тоа ќе работиме и на заштита и партерно уредување, овој ринг го правиме со асфалтирање, тротоари, комплетна имплементација на подземната инфраструктура, ИПА проектот, ќе биде реконструирана патната инфраструктура – вели Дамјановски.

Објектот треба да биде завршен до 20 септември, а реконструкцијата ќе чини 3,5 милиони денари, средства издвоени од Буџетот на Република Македонија.