Пилот од патници барал пари за гориво

Сподели со своите пријатели

Почитувани патници, соберете пари за гориво и полетуваме – така пилот на ирачката авиокомпанија им го објаснил доцнењето на летот при полетувањето од аеродромот во Тунис.

Loading...

Молбата на пилотот на ирачката авиокомпанија „Ираки ервејз“ патниците да соберат 3.000 долари за гориво за да можат да полетаат кон Багдад предизвикало бурни реакции и контроверзии откако сопственикот на компанијата потврдил дека целата приказна е лажбна и дека авионот од Тунис полетал без проблеми.

Што ќе се случи ако во авионот го оставите вклучен мобилниот телефон?

Патниците, сепак не се сложуваат со официјалната верзија на настаните, тврдејќи дека пилотот им се доближил во чекалната на аеродромот и барал 3.000 долари за да го „одобри“ авионот и да полета кон Багдад.

Такво барање на пилотот предизвикало вистинска паника меѓу патниците, а се било завршено така што сметката за гориво го платила ирачката амбасада.

Што се случува кога во авионот нема лекар, а некому му е потребна помош?

– Имаше некои технички и логистички проблеми кои го предизвикаа доцнење, изјавиле од ирачката авиокомпанија.

Leave a Reply