Пилана изгоре во Старо Нагоричане, шумски пожар во Лукаре

Сподели со своите пријатели

Вкупно три пожари се бележат на територијата на куманвско во изминатото деноноќие. Интервенциите биле на Територијалните противпожарни единици од Старо Нагоричане и Куманово, а на третиот од Шумско стопанство.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во село Старо Нагоричане, место викано Гелинце, избил пожар во пилана за преработка на дрво.

Притоа, според РЦУК, изгорена е поголема количина на дрвена маса. Пожарот го гаснеле четворица пожарникари од Старо Нагоричане и тоа во период од 11:20 до 13:35 часот.

Во атарот на селото Лукаре, вчера избил пожар на нискостеблеста деградирана и дабова шума.

Пожарот во Регионалниот центар за управување со кризи го пријавиле од Шумско стопанство Куманово, од каде петмина вработени со едно возило го гаснеле огнот.

Според РЦУК, пожарот траел од сабота од 18:00 до 16:00 часот следниот ден, со тоа што огнените јазици проголтале површина од пет хектари.

Третата интервенција била во атарот на село Романовце, каде горела сува трева и отпад на дива депонија.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply