Пике го искажа своето мислење за можното заминување на Меси од Барселона

Сподели со своите пријатели

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике смета дека управата на клубот треба да се договори со напаѓачот Лионел Меси.

Loading...

– Не го гледавме Меси толку често во овој период. Негова лична одлука беше да ја напушти Барселона, колку што знам. Лео како никој друг, го заслужи правото да направи избор, го цитира Пике „ЕСПН“.

Да бев претседател, ќе се однесував поинаку. Едноставно, треба да се договорите со играчот кој даде многу на клубот во текот на овие 16 години. Меси заслужи многу, новиот стадион на клубот треба да биде именуван во негова чест, додаде Пике.

Во летниот преоден рок, 33-годишниот Аргентинец сакаше да ја напушти Барселона. Главен претендент за Аргентинецот беше Манчестер сити. 

Зоран Стерјовски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *