Петти официјален BMW собир во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

И оваа година во Куманово ќе се одржи официјалниот собир на BMW Клуб Македонија и тоа по петти пат.

Loading...

Од клубот ги повикуваат сите љубители на добри автомобили и оние кои имаат некој BMW модел во својата гаража да дојдат на спортскиот аеродром „Аџитепе“ на 20 септември со почеток во 11 часот.

Како што истакнуваа организаторите настанот ќе биде збогатен со одлична музика, скара и ладно пиво, а се надеваат дека како и досега посетеноста на настанот ќе биде голема со оглед на големиот број љубители на автомобилите на BMW.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.