Петнаесет пожарникари гаснеа опожарена дабова шума во село Орашац

Сподели со своите пријатели

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, службата на Територијална противпожарна екипа на Куманово бележи четири интервенции на гаснење на сува опожарена трева и една интервенција при пожар на дабова шума.

Loading...

Имено, пожарникарите вчера бележат интервенција на опожарена сува трева на локалитетот Муслимански гробишта со непозната површина, како и во атарот на село Орашац, каде е интервенирано повеќе часови, и тоа со три ПП возила и 15 пожарникари поради опожарена дабова шума.

Податоци за опожарената површина, како и за висината на материјалната штета не се презентирани. Пожарот според известувањето добиено од ТППЕ Куманово успешно е ликвидиран.

Пожарникарите истиот ден, повторно интервенирале кај Муслиманските гробишта, откако било пријавено дека пожарот изгаснат рано наутро е повторно активен. Интервенирано е во време од 11,10 до 11,35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари.

Третата интервенција е регистриран во село Романовце, каде е интервенирано е од 13,00 до 15,50 часот, и тоа со 1 ПП возило и тројца пожарникари, откако е пријавено запалено индивидуално моторно возило. Нема податоци за предизвиканата материјална штета.

Четрвртата интервенција е забележана на потегот од с. Романовце кон с. Бразак, каде е интервенирано е во време 15,55 до 19,20 часот, и тоа со 2 ПП возила и петмина пожрникари на запалена сува трева и нискостеблеста шума со непозната површина.