Петмина мигранти од Мароко ограбени под закана со пиштол

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 јануари околу 20.00 часот во близина на Демир Капија, три непознати лица  со закана со пиштол извршиле разбојништво над тројца државјани на Мароко при што им одзеле 900 евра.

Истиот ден, околу 13.30 часот во близина на Демир Капија три непознати лица  со закана со пиштол извршиле разбојништво над двајца државјани на Мароко при што им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.