Петгодишниот Омран стана новиот симбол на хоророт на сириската војна (видео)

Сподели со своите пријатели

Трогателна видео снимка од момче спасено од урнатини на зграда погодена од воздушен напад во Алепо вртоглаво се шири по социјалните мрежи. На снимата е петгoдишниот Омран кој настрадал под урнатините од зградата која била погодена.

Снимката која ја објави „Алџезира“ зборува за ужасот кој се случува во Сирија и е доволно јасен доказ зошто целиот свет е преплавен со бегалци од овие подрачја кои бегаат за да ја спасат својата иднина, но и иднината на своите деца.

 

Loading...