Пет улици во централното градско подрачје денес без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во период о 6:30 до 14 часот, во текот на денешниот ден без електрично напојување ќе бидат улиците „Солунска“, „Димитар Влахов“, „Сутјеска“, „Стојан Сликар“ и дел од булеварот „Октомвриска Револуција“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за најавен прекин од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутнивната мрежа поради подобрување на квалитетот на услугата кон корисниците.