Пет работи кои не смеете да ги јадете навечер

Сподели со своите пријатели

Ако вечерате околу 18 часот, а будни сте и после 23 часот, природно е да чувствувате глад и понекогаш можете нешто да си дозволите иако е доцна, но постојат намирници кои треба целосно да се избегнуваат навечер.

Познато е дека се е во внесувањето на калории и нивната потрошувачка без оглед на тоа кога јадеме, но можно ли е некои намирници навистина да имаат повеќе калории за разлика од другите и да предизвикаат штета пред спиење?

Во продолжение прочитајте што не треба да јадете во вечерните часови пред спиење.

Житарици – поголемиот дел од луѓето кои се гладни посегнуваат по житарици или мусли со млеко. Не сите житарици се лош ноќен избор, но поголемиот дел од нив содржат големо количесто на шеќери и ниска количина на влакна. Ако навечер конзумирате доста шеќер, веројатно е дека наутро ќе се разбудите доста гладни затоа што во текот на сонот, организмот ќе произведува повеќе инсулин. Наместо, житарици, посегнете по грчки јогурт со намалена маснотија со житарките кои содржат најмалку четири грама влакна по сервирање.

Мексиканска или Тхаи храна – зачинетата храна сигурно е доста привлечна и навечер, но не е препорачлива за пред спиење. Таквата храна е богата со калории и маснотии кои можат да доведат до подждригнување. Доколку вашата желба никако не проаѓа пронајдете мала пченкарна тортиља со сирење со ниски маснотии.

Чизбургер и помврти – Мрсната и тешка храна можат лошо да влијаат на вашиот желудник затоа што им треба долго време за варење. Наутро ваквата храна може да предизвика чувство на замор и тешкотија. Доколку веќе сакате да јадете посилен оброк навечер, одлучете се за мал сендвич со пилешко, но со леб од интегрално брашно.

Чоколадо – не само тоа што чоколадото има калории и многу шеќер, таа исто така содржи и офеин кој може да допринесе за немирен сон. Ако многу ви се јаде благо, тогаш испијте топол чај или чаша помалку масно чоколадно млеко. Доколку сакате нешто позаситливо, тогаш земете грахам крекер со една лажица чоколаден намаз и половина шолја млеко.

Газирани сокови – тие се еден од најголемите извори на шеќери и празни калории, така да тие очигледно се погрешен избор за било кое време од денот. Но, доцна навечер, дури и газираните пијалоци без шеќер можат да предизвикаат несоница, а содата од соковите може да предизвика подждригнување, како и да го вознемири желудникот. наместо тоа, пред спиење одлучете се за млеко со помалку маснотии, шолја топол чај или вода.

 

Loading...