Песков: Загрижени сме поради соборениот украински проектил во Белорусија

Сподели со своите пријатели

Кремљ објави дека е крајно загрижен поради соборувањето на украинската противвоздушна ракета која во четвртокот навлезе во воздушниот простор на Белорусија, пренесе Ројтерс.

Loading...

„Ова е инцидент што предизвикува огромна загриженост, не само за нас, туку и за нашите белоруски партнери“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Министерството за одбрана на Белорусија вчера соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата соборила украинска ракета земја-воздух С-300 во близина на селото Харбаха во регионот Брест – на околу 15 километри од белоруско-украинската граница.

Инцидентот се случи кога Русија истрела десетици проектили врз градовите низ Украина во еден од најголемите напади од почетокот на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)

С-300 е систем за воздушна одбрана од советската ера што го користат и Русија и Украина. Во ноември, С-300 за кој се веруваше дека залута откако беше истрелан од украинската противвоздушна одбрана – исто така за време на руски воздушни напади – падна на територијата на Полска членка на НАТО, предизвикувајќи стравувања од ескалација кои брзо беа смирени.

Во февруари, Белорусија ѝ дозволи на Москва да ја користи нејзината територија како појдовна точка за руските трупи да ја нападнат Украина, а во последните месеци, исто така, се забележува зголемена руска и белоруска воена активност во Белорусија.

Песков ги истакна блиските воени врски меѓу двете земји, велејќи дека тие се во „постојан дијалог и постојана координација“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Минск, сепак, инсистира дека не учествува во конфликтот во Украина и нема да учествува доколку безбедноста на Белорусија не биде загрозена од Украина или западните сојузници на Украина.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.