Песков: Точни се информациите за смртта на 600 украински војници

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека информациите на Москва дека 600 украински војници загинале во нападот на градот Краматорск се покажале како точни, и покрај информациите дека нападите ги промашиле своите цели.

Loading...

„Кремљ е апсолутно убеден во точноста на тие информации и ќе ве потсетам на зборовите на претседателот Владимир Путин дека главен извор на информациите е Министерството за одбрана“, изјави Песков, пренесува Ројтерс.

Претходно агенцијата објави дека руските ракетни напади ги промашиле нивните цели во градот Краматорск и дека нема очигледни знаци на штета, и покрај тврдењата на Москва дека во нападите загинале 600 украински војници.

Песков ги отфрли наводите на Киев дека Дмитриј Козак, заменик началникот на кабинетот на претседателот на Русија, неофицијално разговарал со европски претставници за мир со Украина. „Ова е уште една лажна вест“, рече Песков.

Коментирајќи ги новите испораки на оружје од западните земји, Песков рече дека тоа „само ќе ги продлабочи страдањата на украинскиот народ“ и дека нема да го промени исходот од конфликтот.

Ројтерс потсетува дека украинските сили постигнале одредени успеси на бојното поле и побарале помош од западните сојузници во системите за противвоздушна одбрана, за да добијат предност во војната што се води од февруари минатата година.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.