Песков: Русија ги повикува земјите од Блискиот Исток на воздржаност

Сподели со своите пријатели

Русија е многу загрижена за ситуацијата на Блискиот Исток и е за политичко и дипломатско решение, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Loading...

„Ние сме крајно загрижени поради ескалацијата на тензиите во регионот. Ги повикуваме сите земји во регионот на воздржаност. Понатамошната ескалација не е во ничиј интерес. Затоа, се разбира, се залагаме сите несогласувања да се решаваат само политички и дипломатски“, изјави портпаролот на Кремљ запрашан да ја коментира ситуацијата во регионот по иранските напади на израелска територија, пренесува Танјуг.

Иран во текот на ноќта изврши напад со беспилотни летала и балистички ракети врз Израел како одмазда за нападот на 1 април врз иранскиот конзулат во Дамаск, за кој го обвини Израел.Top of Form