Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не одбил да се сретне со својот украински колега Володимир, но пред тоа е неопходно да се подготви нацрт-договор меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Забележал дека сѐ уште нема вести за тоа прашање, пренесува Тас с.
Специјалците објавија фотографии: Го уништивме мостот кога преку него поминуваше руски конвој
„Веќе кажавме дека рускиот претседател во принцип никогаш не одбил таква средба, но пред да се одржи, мора да се исполнат одредени услови, односно да се дополни текстот на документот“, рече Песков.
Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу изјави дека средбата на Путин со Зеленски не е далеку и дека се зависи од согласноста и ставот на рускиот лидер.