Песков: Мајдан беше насилен пуч спонзориран од странство

Сподели со своите пријатели

Говорејќи денеска за протестите и насилството пред 10 години на киевскиот плоштад Мајдан, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека станува збор за насилен државен удар во Украина кој бил спонзориран од странство.

Loading...

– Ние го нарекуваме „Мајдан“, но всушност тоа беше државен удар, насилен пуч што беше спонзориран од странство. Работите мора да ги наречеме со вистинското име – им рекол Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.

Според неговите зборови, претставниците на странските земји го препознале фактот дека Мајдан бил спонзориран од странство директно и индиректно, „што исто така не е тајна“.

– Најважно ни е да ги постигнеме нашите цели и за таа цел продолжува специјалната воена операција – заклучи Песков.

Пред 10 години, на 21 ноември 2013 година, на плоштадот Мајдан во Киев започнаа протести кои доведоа до државен удар.

Повод за масовните протести беше одлуката на Владата да го прекине потпишувањето на пристапниот договор во ЕУ.