Песков: Белград е под постојан притисок од Западот

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека има постојан притисок без преседан врз Белград и дека тоа не е поврзано со смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Loading...

„Белград е постојано под многу силен притисок, нема врска со нечија смрт“, рече портпаролот на Кремљ одговарајќи на новинарско прашање за можното зголемување на притисокот врз Србија во врска со смртта на Навални, пренесе руската агенција Тасс.

Запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека односите меѓу Белград и Москва ќе бидат тешки поради зголемениот притисок, Песков одговори дека не го знае контекстот на таа изјава.

„Притисокот е постојан, притисокот е без преседан“, додаде Песков.