Пензионер од Србија ограбен во кумановско

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишник од Србија утринава пријавил дека бил ограбен на бензинска пумпа на автопатот Куманово – Скопје.

Loading...

– На 29.08.2023 во 04.30 часот во СВР Куманово, Д.Ц.(67) од Република Србија пријавил дека во 03.20 часот на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје, едно лице од неговото патничко моторно возило „форд фокус“ со српски национални ознаки одзело торба во која имало пари и лични документи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски