Пентагон објави нова воена стратегија

Сподели со своите пријатели

Пентагон објави нова воена стратегија на САД во која како главни конкуренти се означени Кина, Русија, Северна Кореја и Иран. Тоа, како што оценува Ројтерс, е најновиот знак дека американските приоритети се сменети по повеќе од 15 години во кои САД беа фокусирани на борбата против исламистичките екстремисти.

Претставувајќи ја новата стратегија, министерот за одбрана Џим Матис, Кина и Русија ги нарече резивионистички сили кои сакаат да создадат свет во рамките со своите авторитарни модели.

– Ќе ја продолжиме кампањата против терористите во која учествуваме и денес, но поголемо ривалство на силите, а не тероризам, сега е примарен фокус на америакнската национална стратегија, рекол Матис зборувајќи за документот кој е прв од таков вид од 2014. година.

Пентагон објави верзија на декоментот на 11 страници во која не се прецизира како ќе биде изведен пресвртот во насока на спротивставување на Кина и Русија.

Американското министерство за одбрана ја вбројува и Северна Кореја помеѓу приоритетите, наведувајќи дека САД имаат потреба ода ракетна одбрана за да се фокусираат на заканите од Пјонгјанг со нуклеарно, но и со конвенционално оружје.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.