Пентагон купува 100.000 пластични вреќи во кои ќе бидат сместени телата на Американците кои ги загубија своите животи поради коронавирусот.
Овие вреќи, под името мртовечки, војската ги користи за остатоци од војници убиени во борба, јавува Њујорк Дејли њуз.
Тие ќе пристигнат преку Федералната агенција за управување со кризи, која веќе му обезбеди на Њујорк повеќе дестинации камиони со ладилници за телата на починатите, чија бројка од ден на ден се зголемува.
Германците „ги кодошат“ соседите во полиција поради коронавирусот
Повеќе од 249.559 луѓе се заразени низ САД, а 6.047 досега починале.
Од таа бројка само во Њујорк, 51.809 се позитивни. Досега во тој град починаа 1.562 лица.
Состојбата е алармантна на сите полиња, болниците се пренатрупани, мртовечниците исто така, недостатокот на респиратори ќе стане сериозен проблем за шест дена.
Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион
Недостаток има и на медицински работници, иако авионите секојдневно доаѓаат од сите страни на САД, нема доволно заштитна опрема за нив.
Поради сето ова, медиумите цитираа еден од лекарите кои вели дека се чувствуваат „како овци пред колење“ кога одат на работа.
Во град каде што се хоспитализирани над 10.000 луѓе, единствената празна болница, со исклучок на 20 примени пациенти, е онаа на воениот брод Конфор, кој е закотвен во Менхетен, кој има, меѓу другото, 1.000 кревети и 12 операциони простории.
Држави во кои досега нема регистрирани случаи на коронавирус
Тие велат дека сместувањето на пациентите, а тоа би требало да бидат оние кои не се позитивни на коронавирусот и на кои им е потребна итна медицинска помош, е дополнително влошена со фактот дека не е лесно да се донесе заболен пациент на местото каде бродот е закотвен до „Статуата на слободата“.