Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион

Сподели со своите пријатели

Бројката на заболени во светот вечерва надмина еден милион.

Loading...

Според податоците на worldometers, во светот досега се заболени 1.007.757 лица, а починати вкупно 52.310. Излечени се 210.590 луѓе на глобално ниво.

Најголем број регистрирани случаи бележат САД, вкупно 240.375, потоа следуваат Италија 115.242, Шпанија со 110.409, Германија 84.788 и Кина со 81.589.

Во последното деноноќие најмногу смртни случаи има пријавено Франција 1.355, Италија има 760, Шпанија 719, САД 705, Британија 569…

За еден ден во светот починале 5.418 лица, со што вкупната бројка на починати изнесува 52.310.

Leave a Reply