Пелоси го напушта Тајван

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, го напушти Тајван, јавуваат медиумите.

Loading...

Посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предизвика голема полемика меѓу Вашингтон и Пекинг.

Кина веќе го затвори воздушниот простор во областа и нареди воени вежби во близина на Тајван, ветувајќи сериозни последици.

Според Sputnik International, Пелоси заминува од Тајван за да ја продолжи својата азиска турнеја, бидејќи се очекува да ги посети Јужна Кореја и Јапонија.

Американскиот политичар претходно се обрати пред тајванскиот парламент и имаше средба со претседателот Цаи Инг-вен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск повторно се меша во европската политика, „на мета“ Британија

Пелоси, исто така, ја обвини Кина дека му се заканува на островот „и неговата демократија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.